МО РФ: Западните медиуми безочно манипулираат со страдањето на децата

Портпаролот на Министерството за одбрана на Русија Игор Конашенков ја демантираше информацијата дека руската авијација на 17 август навечер извршила напад врз станбен кварт во сириски Алепо.

Конашенков ја нарече морално злосторство манипулацијата со трагичното страдање на децата во Сирија со која се служат западните медиуми со цел антируска пропаганда.

Руските Воздушно-космички сили никогаш не вршат напади врз цели кои е наоѓаат во населени места, нагласи портпаролот на рускиот воен ресор, пренесува „Лента.ру“.

„Тешката ситуација во овој момент принудно ги снајде сите оние деца кои во источните делови на Алепо ги држат терористите, несомнена трагедија. Меѓутоа циничното користење на таа трагедија во западните медиуми, во нивниот излитен антируски манир, не е ништо друго освен морално злосторство“; изјави тој.

Претходно западните медиуми објавија фотографија на петгодишното сириско момче

Омран Дакнеш кого лекарите од брза помош го извлекоа од една срушена зграда по бомбардирањето на еден кварт во Алепо. Фотографот Рафаел Санчез (The Telegraph) ја сними потресната фотографија на момчето целото во прав и крв како седи во возилото на брзата помош и отсутно гледа во една точка и потоа ја објави на Твитер.

Низа западни медиуми објавија дека нападот го извршила руската авијација.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња