Учете руски јазик бесплатно

Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на македонските граѓани им нуди уникатна можност за бесплатно изучување на рускиот јазик.

Со почетокот на новата академска година започнуваат и активностите на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кој свечено беше отворен годинава. Новина за оваа учебна година е воведувањето бесплатни курсеви по руски јазик за сите заинтересирани граѓани на Република Македонија.

Од Рускиот центар при УКИМ известуваат дека идејата е да им се даде можност на сите оние што се заинтересирани за изучување на рускиот јазик да можат да го сторат тоа сосема бесплатно. Оттаму додаваат дека во програмата за изучување руски јазик се добредојдени сите граѓани без никакви ограничувања по која било основа.

Сѐ што треба да направите е да ја пополните пријава која може да се најде на сајтот на УКИМ (http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=123&glavno=32). Пријавата треба да се достави најдоцна до 5 септември 2016 година на и-мејлот: ruskicentar@ukim.edu.mk или на адресата на Руски центар: булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов’’ бр.28, локал 27, трети кат.

Редакцијата на „Руска реч на македонски“ ви посакува успех во изучувањето на рускиот јазик.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња