Русија бара од Ирак и Иран дозвола за премин на крстосувачки ракети

Крстосувачките ракети со поморско базирање „Калибар” првпат беа употребени во борба на почетокот на октомври 2015 година, кога четири брода од Касписката флотила извршија ракетен напад врз бази на „Исламската држава“ во Сирија.

Министерството за одбрана на Русија испрати до владите на Ирак и Иран барање за користење на воздушниот простор на овие земји за преминување на крстосувачки ракети, соопшти во понеделникот, 15 август, военодипломатски извор.

„Министерството за одбрана минатата недела испрати барање до Ирак и Иран за користење на воздушниот простор на овие земји за преминување на крстосувачки ракети“,  пренесува „Взгљад”.

Крстосувачките ракети со поморско базирање „Калибар” првпат беа употребени во борба на почетокот на октомври 2015 година, кога четири брода од Касписката флотила извршија ракетен напад врз бази на „Исламската држава“ во Сирија. На патот до Сирија ракетите минуваа над ненаселени реони на Иран и Ирак.

Освен тоа, крстосувачките ракети се лансираат врз цели во Сирија и од руски воени авиони кои притоа остануваат во рускиот воздушен простор.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња