МСП во потрага по најдобриот поет и по најдобриот прозаик

Меѓународниот сојуз на писатели ги објави конкурсите „Ф.И. Тјутчев“ за најдобар рускојазичен поет и „А.С. Грибоедов“ за најдобар рускојазичен прозаик.

Меѓународниот сојуз на писатели ги поканува поетите и прозаиците од странство да земат учество во конкурсите „Ф.И. Тјутчев“ за најдобар рускојазичен поет и „А.С. Грибоедов“ за најдобар рускојазичен прозаик. Целта на конкурсот е интеграција на странските автори во руската литературна средина.

Конкурсот „Ф.И. Тјутчев“ предвидува поетски дела кои не се поголеми од 400 реда, додека конкурсот за прозаици „А.С. Грибоедов“ предвидува мала проза која не е поголема од 2 авторски листа и голема проза – синопсиси за романи.

Делата треба да се испраќаат на и-мејлот sekretariat@inwriter.ru, а крајниот рок е 10 септември 2016 година.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња