Иран ѝ дозволи на Русија да користи база за сириската операција

Стратешки бомбардери Ту-22М3 и јуришни бомбардери Су-34 беа префрлени во авиобазата „Хамадан“ во Иран, соопшти Министерството за одбрана на РФ.

Руски стратешки бомбардери Ту-22М3 и јуришни бомбардери Су-34 на 16 август првпат нанесоа удар врз позициите на милитантите на „Исламската држава“ во Сирија, полетувајќи од базата „Хамадан“ во Иран.

Фото: Руски Ту-22М3 во „Хамадан“ во Иран. Извор: Warfare Worldwide

Како што соопштува телевизијата „Русија 24“, Техеран даде зелено светло за користење на авиобазата. Москва исто така испрати барање до Иран и Ирак за користење на воздушниот простор за прелет на крстосувачките ракети истрелани од акваторијата на Каспиското море.

Според воениот аналитичар на ТАСС Виктор Литовкин, авиобазата „Хмејмим“ во Сирија не е адаптирана за стратешки воени авиони, затоа руското раководство се обратило до своите ирански партнери со барање за користење на нивниот аеродром.

„Првично летовите на Ту-22М3 се вршеа од аеродромот Моздок во Северна Осетија (1725 км јужно од Москва). На нивниот пат преку Каспиското море, Иран, Ирак и во текот на целото времетраење на летот во воздух се наоѓаше и танкер Ил-78. Секоја операција го чинеше скапо Министерството за одбрана на РФ“, изјави за „Руска реч на македонски“ воениот експерт.

Според него, Русија го изнајмила аеродромот за одреден временски период и тој нема да стане место на постојано базирање на руската авијација.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња