Во Битола нов објект на Почесниот конзулат на Руската Федерација

Русија ја продлабочува соработката со Македонија.

По Указот со кој Република Македонија се признава како суверена независна држава под нејзиното уставно име во 1992 година, отворањето на амбасадите во 1994 и Декларацијата за пријателство и соработка меѓу двете земји, односите меѓу Република Македонија и Русија добиваат нова динамика во својот развој.

Со цел зајакнување на руско-македонската соработка базирана на рамноправност, заемна почит, доверба и почитување на меѓународното право, како и за зацврстување на мирот и на стабилноста во регионот, Руската Федерација отвори и Почесен конзулат на Русија во Македонија пред 14 години.

Во февруари оваа година, по предлог на руското Министерство за надворешни работи, македонското Министерство за надворешни работи врз основа на согласноста на Владата на Република Македонија издаде егзекватура за именување на г. Сергеј Самсоненко за почесен конзул на Руската федерација во Република Македонија со седиште во Битола.

Овој конзулат и понатаму ќе им биде на услуга на руските граѓани во Македонија како и на Македонци кои имаат потреба од информации за Русија, а ќе работи врз основа на утврдена годишна програма одобрена од Руската Федерација во Република Македонија. Рускиот Конзулат ќе има за цел да ја унапреди економската соработка помеѓу руските и македонските компании, развој на билатералните односи како и промовирање на руските културни и традиционални вредности во Република Македонија.

Новиот објект на Почесниот руски конзулат свечено ќе биде отворен на 31-ви август во 19 часот на Широк Сокак. Конзулатот ќе биде осветен и свечено отворен во присуство на еминентни личности од јавниот живот. Потоа на Широк Сокак ќе следува и концерт на едни од најпопуларните вокалистки во Македонија – Елена Ристеска и Викторија Лоба.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња