Лавров и Штајнмаер ќе разговараат за Украина и Сирија

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе дискутира со својот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер за ситуацијата во Украина и Сирија на 15 август во Екатеринбург.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе ја разгледа со својот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер ситуацијата во Украина и Сирија на 15 август во рускиот град Екатеринбург, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.

Планирано е Штајнмаер да го присуствува на отворањето на руско-германската летна школа „Патишта за развој на енергетскиот сектор. Современи предизвици“ на Уралскиот федерален универзтет.

„По настанот, министерите на двете земји ќе имаат разговори на кои ќе дискутираат за неодложните аспекти на билатералната соработка политичката, економската и културно-хуманитарната сфера. КЛавров и Штајнмаер ќе продолжат да разменуваат гледишта за клучните меѓународни прашања вклучувајќи ја имплементацијата на „Минската спогодба“ за регулирање на украинската криза и напредокот на мировниот процес во Сирија, безбедносните прашања во Европа и борбата против меѓународниот тероризам“, пишува во соопштеието на МНР РФ, пренесува агенцијата „Спутник“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња