Руските пливачи исвиркани во Рио

Пред почетокот на финалето на штафетата 4х100 метри во слободен стил на Олимпијадата во Рио, посетителите ги исвиркаа руските спортисти.

Руската штафета во состав Андреј Гречин, Данила Изотов, Владимир Морозов и Александар Сухоруков стигна четврта на целта. Први финишираа Американците, а Мајкл Фелпс како член на тимот на САД го освои своето 19 злато од вкупни 23 олимписки медали.

Освојувачот на бронзениот медал на Олимпијадата во Лондон Владимир Морозов е еден од спортистите кои добија право на учество на Олимпијадата во Рио со одлука на Судот за спортска арбитража. Претходно ФИНА му забрани на спортистот да се натпреварува, откако неговото име фигурираше во извештајот на комисијата на WADA под раководство на Ричард Мекларен.

Морозов по трката изјави дека воопшто не го изненадила реакцијата на публиката додека беше претставувана руската екипа.

„Бев здрвен последните 15 метри. Многу ми е жал што останавме денеска без медал. Тоа што нѐ исвиркаа можеше да се очекува“, ги цитира неговите зборови агенцијата Р-Спорт.

Вториот ден на Олимпијадата во Рио руските спортисти освоија две сребра и две бронзи. Според вкупниот број освоени медали Русија во моментов се наоѓа на седмото место.

Видеото од настанот можете да го погледнете овде.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња