Премиерот на Бугарија Бојко Борисов смета дека ќе ги реши енергетските проблеми на земјата, поврзани со прекинот на изградбата на АЕЦ „Белене“ и гасоводот „Јужен тек’“ со помош на Русија. Ова беше одговорот на бугарскиот лидер на прашањето за перспективите на бугарско-руските енергетски проекти, пренесува ТАСС.
„По вчерашниот разговор со претседателот Владимир Путин станав поголем оптимист. Претседателот беше со многу добри намери. Имајќи ги предвид постојните проблеми сметав дека нашиот разговор ќе биде многу потежок“, рече Борисов.
Премиерот на Бугарија истакна дека во најблиска иднина ќе бидат формирани работни групи како за изградбата на АЕЦ „Белене“, така и за перспективите за изградба на центарот за дистрибуција на гас „Балкан“ за испорака на руски гас за него, затоа што „не можеме да ги решиме овие прашања без учество на Русија“.
Како што претходно соопшти прес-службата на Кремљ, претседателот на РФ Владимир Путин имаше во петокот телефонски разговор со премиерот на Бугарија Бојко Борисов. „Беа разгледани актуелни прашања од билатералната соработка со акцент на реализацијата на заедничките проекти во сферата на енергетиката“, истакнаа од прес-службата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче