Командантот на НАТО во Европа импресиониран од руската воена доктрина

Командантот на силите на НАТО во Европа генерал Кертис Скапароти изјави дека е импресиониран од воената доктрина на Русија.

„Се гледа дека тие (Русија) учат. Без оглед на тоа што значителен дел од нивната (воена) доктрина се основа врз советската доктрина, тие се многу флексибилни во размислувањето, ако само погледнете што пишуваат нивните офицери. Тие гледаат на светот околу себе, каков што го гледаат и ја приспособуваат својата доктрина на таа основа. Тоа импресионира“, рече Скапароти настапувајќи на форумот за безбедност во градот Аспен во државата Колорадо, пишува на сајтот на Институтот Аспен.

Покрај тоа, Скапароти ја истакна „очевидната модернизација“ на руските вооружени сили и воените системи. Особено го изненадиле можностите што ги демонстрирала руската армија во текот на антитерористичката операција во Сирија.

„Тие гаѓаа со ракети со голем радиус на дејство и со висока прецизност од подморници, од море, од бомбардери со среден радиус на дејство. Тие, очигледно, не мораа да ги лансираат на тој начин, но го сторија тоа – веројатно заради тренинг, вежби и демонстрација. И од тоа сум импресиониран“, истакна Скапароти.

„Така што имаме противник кој треба да го перципираме многу сериозно“, заклучи командантот на НАТО во Европа.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња