Во натпреварувачкиот дел од програмата на 73 филмски фестивал во Венеција, што ќе се одржи од 31 август до 10 септември, влезе и филмот на рускиот режисер Андреј Кончаловски „Рај“. Филмот е заедничка продукција на Русија и Германија.
Во основата на сижето се приказните на тројца луѓе чии судбини се вкрстиле во текот на Втората светска војна. Тоа се Олга, француска емигрантка и припадник на францускиот Отпор, Французинот-колаборационист Жил и Хелмут, офицер со висок чин во германскиот Ес-Ес
Андреј Кончаловски веќе беше во Венеција: режисерот учествуваше четирипати на филмскиот фестивал, а двапати се враќаше со награди – во 2002 година неговиот филм „Дом на будали“ го освои Гран-прито, а во 2014 година доби „Сребрен лав“ за филмот „Белите ноќи на поштарот Алексеј Трјапицин“.
Една од главните улоги во новиот филм „Рај“ ја игра сопругата на Кончаловски - актерката и ТВ-водителка Јулија Висоцкаја. Покрај руски, во филмот учествуваат француските и германските актери Филип Дикен, Питер Курт, Кристијан Клаус и Јакоб Дил.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче