Трамп може да го признае Крим во состав на Русија

Републиканскиот кандидат за американски претседател Доналд Трамп изјави дека како иден претседател би бил подготвен да го „разгледа“ прашањето за евентуалното признавање на Крим во состав на Русија и за укинувањето на санкциите за Москва.

На прес-конференцијата одржана во Флорида, а која ја пренесуваа американските телевизии, на прашањето дали е подготвен да го признае Крим во состав на Русија и дали ќе го разгледа укинувањето на санкциите за Русија, Доналд Трамп одговори:

„Да, ќе го разгледаме тоа. Да, ќе го разгледаме“, рече Трамп без да наведе детали.

Сепак, официјалната програма на Републиканската партија предвидува задржување, па дури и зајакнување на санкциите, како и непризнавање на Крим како дел од руската територија.

Трамп рече дека „повеќе би сакал да биде во пријателски односи со Русија, за заедно со останатите луѓе и земји да ја победи Исламската држава“.

Републиканскиот претседателски кандидат претходно изјавуваше дека би сакал да изгради поблиски односи со Москва, а претседателот Владимир Путин го поздрави овој потег и оцени дека Трамп е талентиран и маркантен човек, пишува РИА Новости.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња