Претседателот на САД Барак Обама изјави дека е можно Русија да влијае на изборниот процес за шеф на државата, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
„Сѐ е можно“, изјави Обама во интервју за каналот Ен-Би-Си одговарајќи на прашањето дали Русите ќе се обидат да влијаат на изборите закажани за 8 ноември во САД.
Според информациите на агенцијата „Блумберг“, во текот на интервјуто исто така беше поставено прашањето за хакирањето на електронската пошта на Демократската партија. Обама одби да одговори на прашањето дали Русија е вмешана во таа ситуација, меѓутоа истакнал дека „експертите го припишуваат тоа (хакирањето) на Русите“.
„Мислам, ФБИ продолжува да го истражува случајот. И познато ми е дека Русите ги хакираат нашите системи. Не владините, туку приватните“, рече Обама.
Обама исто така изјави дека му е познато дека „Трамп изразил восхитеност од Владимир Путин“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче