Кремљ: Русија избегнува да се меша во изборниот процес на други земји

Русија внимателно избегнува секакви дејствија кои можат да се протолкуваат како мешање во изборниот процес на други земји, изјави во средата портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков

Русија внимателно избегнува секакви дејствија кои можат да се протолкуваат како мешање во изборниот процес на други земји, изјави во средата портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, пренесува РИА „Новости“.

„Во врска со хакирањето на поштата на Демократската партија сакам уште еднаш да кажам дека самите учесници во изборната трка во САД – опонентите на демократите – ја негираат таа информација. Ние многупати го негиравме тоа. Ако зборуваме за некакви сомненија во односите на земјата, тогаш овде треба барем најмалку да се биде точен и конкретен. Хипотетичкото резонирање во наведениов случај не сведочи за конструктивно расположение“, изјави Песков, коментирајќи ја информацијата за можната улога на Русија во упадот во серверите на Националниот комитет на Демократската партија на САД.

„Единствено што можам да кажам – претседателот Путин многупати кажа дека РФ никогаш не се мешала и не се меша во внатрешните работи на други земји, а уште повеќе во изборните процеси. Москва внимателно избегнува секакви дејствија, зборови, кои можат да се протолкуваат како мешање во изборниот процес“, додаде Песков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња