Лавров: Нема „руски прсти“ во хакирањето на Демократската партија на САД

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров ги коментираше соопштенијата за вмешаноста на Русија во хакирањето на електронската пошта на Демократската партија на САД.

„Не би сакал да употребам пцости“, се пошегува Лавров како одговор на барањето на американските новинари да даде оценка за информацијата што се појави во медиумите, пренесува РИА „Новости“.

Во неделата шефот на Националниот комитет на Демократската партија на САД Деби Васерман-Шулц поднесе оставка поради протекувањето на електронската преписка на партиското раководство. Од писмата се гледа дека партискиот апарат на предизборите отворено ја поддржувал Хилари Клинтон на штета на Берни Сандерс.

Според портпаролот на предизборниот штаб на Клинтон, серверите биле хакирани од руски хакери, што наводно сведочи за намерата на Русија да му помогне на Доналд Трамп на претседателските избори. Предизборниот штаб на американскиот милијардер категорично ја демантираше таа информација.
 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња