Русија ќе се ослободи од увозните технологии во производството на нафта

„Во моментов работиме на софтвери, на телекомуникациска опрема, односно на оние најсовремени технологии кои порано ги набавувавме исклучително во странство“, истакна министерот за енергетика на Русија Александар Новак.

Министерот за енергетика на Русија Александар Новак на состанокот со претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека е планирано Русија до 2019 година во целост да се ослободи од користењето на увозни технологии во производството на нафта.

„Комапнијата „Гасрпомнефт“ на база на Вингапуровското наоѓалиште спроведе индустриска експериментална употреба на руски модели произведени од руски претпријатија, санктпетербуршки научни претпријатија“, изјави Новак, пренесува „Взгљад”.

„И веќе по овие проби до 2019 година ќе биде воспоставено индустриското производство, т.е. во целост ќе се ослободиме од увозните технологии“, додаде русиот министер.

„Во моментов работиме на софтвери, на телекомуникациска опрема, односно на оние најсовремени технологии кои порано ги набавувавме исклучително во странство“, истакна Новак.

Рускиот министер за енергетика во април изјави дека руската енергетика годинава ќе забележи пораст во производството на нафта, гас, јаглен и во производството на електрична енергија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња