Путин нема да присуствува на отворањето на Олимпијадата во Рио

Претседателот на Русија Владимир Путин не планира да присуствува на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Рио, изјави портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.

„Не, колку што му е познато, во плановите на претседателот го нема тоа патување. Распоредот е поинаков, работен“, одговори Песков на прашањето дали Путин планира да ја посети церемонијата на отворањето на ОИ 2016 во Рио, пренесува РТ на руски

Кремљ исто така жали по повод одлуката на Меѓународниот олимписки комитет да ги остави без акредитација спортските функционери на Олимписките игри.

„Виталиј Леонтјевич Мутко продолжува да работи во својство на министер за спорт на Руската Федерација“, ги потсети Песков новинарите, пренесува нашето матично издание „Росијскаја газета“.  „Жал ни е поради одлуката да не им се даде акредитација на руските функционери. Таквите одлуки како и некои други се уште еден доказ за тоа дека е неопходна тесна соработка со Меѓународниот олимписки комитет, дека е неопходно да го објасниме нашиот став, а најважно е да се отфрлат сите сомненија кои можат да ги имаат МОК и другите спортски организации“, рече портпаролот на рускиот претседател.

„Руската страна планира да го стори токму тоа“, заклучи Песков.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња