МОК не ја исклучи целата репрезентација на Русија од Олимпијадата во Рио

Меѓународниот олимписки комитет го препушти правото за давање дозвола за учество на руски спортисти на ОИ во Рио на меѓународните федерации.

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) донесе одлука да не ја отстрани целата руска репрезентација од учеството во Олимпијадата 2016 во Бразил, се вели во соопштението на МОК по состанокот на неговиот Извршен комитет што го пренесува РИА „Новости“.

Истовремено, МОК го препушти правото за давање дозвола за учество на спортисти од Русија на меѓународните федерации. Според тоа, руските атлетичари нема да можат да учествуваат во Игрите во Рио откако Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) веќе донесе одлука за ова прашање, се вели во изјавата.

Во четвртокот Судот за спортска арбитража ја отфрли жалбата на Олимпискиот комитет на Русија и ја остави во сила одлуката на ИААФ која не им дозволува учество на руските атлетичари на Игрите во Рио.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња