Црна Гора се пожали на „недипломатскиот“ стил на Захарова

Владата на Црна Гора изрази незадоволство од стилот на изјавите на портпаролот на МНР Русија Марија Захарова.

Согласно верзијата објавена на официјалниот сајт на владата на Црна Гора, „недипломатскиот јазик на портпаролот на руската влада, чиј стил е веќе проблем на Москва, е најлоша потврда за она што го зборуваше премиерот Мило Ѓукановиќ“, пренесува „Взгљад“.

„Што се однесува до нејзините обвинувања за рушење на пријателските односи со Русија, тие се апсолутно неосновани. Напротив, Црна Гора се обидува да ги подобри односите и тоа не на зборови, ами на дело, за што зборуваат одлуките на владата на Црна Гора, на пример, за продолжување на безвизниот режим за граѓаните на Руската Федерација од 30 на 90 дена“.

„Од друга страна, целта на таквите изјави е да нѐ научи да ги почитуваме нивните (руските) желби за референдум (за стапување на Црна Гора во НАТО), а не на уставот на нашата земја. Дали ќе одржуваме и што ќе определуваме по пат на референдум – ќе решаваме ние“.

Претходно Захарова изјави дека Ѓукановиќ се стреми да ги разруши традиционално пријателските односи со Русија.

„Ние укажавме на објавените на 12 јули изјави на претседателот на владата на Црна Гора Мило Ѓукановиќ за руската пропаганда која, според него, е опасна и адресирана до оние кои „заглавиле во канџите на минатото“, изјави таа.

„Слушнавме, според изјавите на натовските лидери, познати идеи за тоа дека „незафатениот простор од страна на ЕУ и НАТО ќе биде пополнет со други сили. Под други сили се претпоставува Русија или радикалноот исламизам“, додаде Захарова.

„Одговорноста за антируската линија на Црна Гора во потполност лежи кај властите во Подгорица“, потенцираше Захарова.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња