Исинбаева повика да се расформира ИААФ

„Тоа што нѐ исфрлија ја покажува нивната слабост и немоќ. За нив не постои презумпција на невиност“, изјави светската првенка во скок со стап Елена Исинбаева.

Со донесувањето одлука да не им се дозволи на претставниците на Русија да учествуваат на Олимпијадата, Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) работи на уништување на атлетиката и треба да биде расформирана, изјави двократната олимписка шампионка во скок со стап Елена Исинбаева.

„Тоа што нѐ исфрлија ја покажува нивната слабост и немоќ. За нив не постои презумпција на невиност. Тие не можат да докажат кој е чесен во Русија, а кој не е. Тие ја докажуваат својата неефикасност”, изјави Исинбаева, пренесува „Взгљад”.

„Јас би расформирала целата таа федерација, а нејзиното раководство уште еднаш би го сменила“, продолжува спортистката. „Тоа е неефикасно, ја уништува светската атлетика. А сите одлично знаат дека, ако не им се дозволи на Русите да учествуваат, тогаш телевизискиот пренос на Олимпијадата ќе го следат половина од гледачите, а тоа е лошо за спонзорите. Лошо е за целата меѓународна заедници која ги очекува нашите настапи“.

Претходно и министерот за спорт на Русија Виталиј Мутко повика Меѓународната атлетска федерација да биде расформирана.

Меѓународната асоцијација на атлетски федерации ИААФ ги одби пријавите на сите руски атлетичари за учество на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Исклучок е само Дарја Клишина, натпреварувачка во скок во далечина.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња