Обама повика НАТО „да преземе мерки“ против ИД, Русија и Брегзит

НАТО треба да преземе конкретни обврски за да се спротивстави на денешните предизвици, од кои еден е и Русија, изјави американскиот претседател Барак Обама.

Претседателот на САД Барак Обама изјави дека НАТО треба да ја мобилизира политичката волја и да преземе конкретни мерки за да се спротивстави на предизвиците како што се „Исламската држава“, Русија и излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

„Терористичките акти, поттикнати или организирани од ИД, однесоа животи на невини луѓе во земји-членки на НАТО: од Орландо до Париз, Брисел и Истанбул. Конфликтите од Африка до Сирија и Авганистан покренаа бранови со мигранти кои бараат прибежиште во Европа. Руската агресија против Украина ѝ се заканува на нашата визија за Европа како единствена, слободна и мирна. Гласањето на Британија за излегување од ЕУ покренува важни прашања за иднината на европската интеграција“, пишува Обама во неговата статија во весникот „Фајненшел Тајмс“.

„По моето пристигнување во Варшава за средба со лидерите на НАТО и ЕУ, мислам дека нашите земји треба да ја мобилизираат политичката волја и да преземат конкретни обврски за спротивставуавње на овие неодложни предизвици“, додава американскиот лидер. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња