Руските авиокомпании немаат доволно авиони за чартер летови во Турција

Русите кои сакаат да одат на одмор во Турција со авион, можат да се судрат со недостиг од чартер-летови, пишува „Ведомости“ повикувајќи се на Асоцијацијата на туроператори на Русија (АТОР).

На 30 јуни претседателот на РФ Владимир Путин ги укина посебните мерки во однос на Турција. Директно беа укинати две ограничувања: препораката за воздржување од продажба на тури во Турција и забрана за чартер летови.

„Проблеми со авионите, се разбира, ќе има, многу авиокомпании во кризата ја намалија флотата“ изјави за весникот потпретседателот на АТОР Дмитриј Горин.

Проблеми со распоредите за летање за туристичките дестинации се појавија уште пред указот на претседателот. На пример, на ситуацијата влијаеше и заминувањето од пазарот на најголемиот превозник „Трансаеро“, изјави Горин.

Тој претпоставува дека масовни чартер летови ќе има не порано од август. За реализација на таквите летови е потребна дозвола од „Росавијација“, и сите играчи на пазарот се принудени практично истовремено да го „затрупаат“ регулаторот со барања.

„Росавијација“ потврди дека веќе има регистрирано одложување на летовите кај низа авиокомпании. Без оглед на утврдениот распоред на летови, превозниците ветуваат дека ќе најдат излез од ситуацијата со намалување на фреквенцијата на чартерите до непопуларните дестинации или со замена на авионите.

Меѓутоа, некои компании сметаат дека нема да можат да најдат доволен број на авиони, пишува „Ведомости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња