Путин изрази сочувство до турскиот народ поради терористичкиот чин

„Жалимо и сочувствуваме со жртвите на терористичкиот напад што се случи вчера“, изјави Путин.

Претседателот на Русија Владимир Путин изрази сочувство до турскиот народ во врска со терористичкиот напад на меѓународниот аеродром „Ататурк” во Истанбул во кој, според последните податоци, загинаа 36 лица.

 „Жалиме и сочувствуваме со жртвите на терористичкиот напад што се случи вчера“, изјави Путин во обраќањето до руските и германските ученици кои учествуваа на средбата посветена на споменот на Втората светска војна, пренесува „Взгљад”.

Во разговорот со младите Путин истакна дека токму ваквите средби „создаваат клима во која не е можни да се случуваат такви ужасни нешта“ како што е терористичкиот напад во Турција.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња