Ердоган му се извини на Путин за загинувањето на пилотот на Су-24

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган

AP
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му се извини на рускиот претседател Владимир Путин за инцидентот со соборувањето на рускиот Су-24 во Сирија, соопшти портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков соопшти дека Владимир Путин добил писмо од претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во кое тој се извинува за соборувањето на рускиот Су-24.

„Претседателот на Руската Федерација Путин доби писмо од претседателот на Турција Ердоган во кое турскиот лидер ја изразува својата заинтересираност за решавањето на ситуацијата поврзана со соборувањето на рускиот воен авион“, изјави Песков за новинарите.

„Ердоган изразува длабоко жалење по повод настанатото и ја потенцира подготвеноста да направи сѐ што е можно за обнова на традиционално пријателските односи меѓу Турција и Русија, како и за заедничка реакција на кризните настани во региони и борба со тероризмот“, истакна Песков.

„Сакам уште еднаш да го изразам своето сочувство и длабокото жалење до семејството на загинатиот руски пилот и велам извинете. Со целото срце ја споделувам нивната болка. Семејството на рускиот пилот го сметаме како за турско семејство. Во име на олеснување на болката и тежината од нанесената штета подготвени сме на секаква иницијатива“, ги цитира зборовите на Ердоган прес-службата на Кремљ.

Во писмото од турскиот лидер исто така се вели дека Русија претставува за Турција стратешки партнер и дека Анкара не сака да ги расипува односите меѓу земјите. Во писмото е наведено дека во моментов безбедносните органи на Турција водат судска истрага против државјанин на својата земја кој учествуваше во убиството на рускиот пилот.

Како одговор на дејствата на Турција, Москва воведе бројни економски санкции против Анкара и запре низа билатерални проекти.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња