Обелоденет записникот од сослушувањето на фелдмаршалот фон Паулус

Сѐ поприсутното фалсификување на историјата, особено тврдењата дека наводно СССР на почетокот четириесеттите години од минатиот век планирал напад врз Германија се демантирани со презентирањето необјавени документи од Централната архива на Министерството за одбрана во Москва, меѓу кои клучно место зазема записникот од сослушувањето на генералскиот фелдмаршал фон Паулус.

Началникот на Централната архива на Министерството за одбрана на РФ Игор Пермјаков презентираше архивски материјали на меѓународната научна конференција „75-годишнината од Големата татковинска војна: на работ на катастрофата“, пренесуваат руските медиуми.

Пермјаков нагласи дека една од насоките на фалсификување на историјата се тврдењата дека Советскиот Сојуз наводно планирал да ја нападне Германија.

Пермјаков нагласи дека врз основа на трофејната документација на германската воена команда за периодот од 1940 до 1945 година, која се однесува на планирањето на војна против Советскиот Сојуз, недвосмислено следува дека Германија очекувала од СССР исклучиво одбранбени дејствија.

Началникот на ЦА МО од историската документација презентираше записник од едно од сослушувањата на германскиот командант Фридрих фон Паулус, кој беше заробен од страна на Црвената армија во битката на Сталинград.

„Документот носи назив Сведочењето на фелдмаршалот на германската армија Фридрих фон Паулус за причините за откажување од операцијата „Морски лав“. Го чувавме овој документ во специјален режим, а потоа кога се укажа потреба да се објават документите кои директно зборуваат за фалсификување на историските настани, решивме да го презентираме и да овозможиме негово користење за научни цели“, рече Пермјаков.

„Германскиот командант изјави дека од десантот на нацистите во Англија се откажале поради плановите за напад на Германија врз СССР кои се појавиле во летото 1940 година.

Не без причина го ставив акцентот токму врз овој документ. Многумина од историчарите одлично знаат на кој начин западните историчари ја претставуваат операцијата „Морски лав“. Сведочењето на еден од водечките стручњаци на германскиот Генералштаб, каков што беше Фридрих фон Паулус само по себе доволно зборува“, изјави Пермјаков.  

Тој укажа и на директивата за соработка меѓу Германија и Јапонија, која во почетокот на март 1941 година ја издаде Хитлер, а во чија прва точка се бара за операцијата „Барбароса“, односно нападот на Германија врз СССР, на толку близок сојузник како Јапонија ништо да не му се соопштува.

„Само овие два документи се доволни како очигледно сведоштво дека Советскиот Сојуз спрема Германија и нејзините сојузници немал никакви агресивни планови“, рече

Пермјаков, пренесува „Взгљад“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња