Германски историчар: Нападот врз СССР беше планирано масовно убиство

Германскиот историчар Гинтер Морш ги повика Германците да ги преиспитаат германските воени дејствија против Советскиот Сојуз. Научникот се пожали на отсуството на комеморативни настани за одбележување на 75-годишнината од почетокот на II Светска војна.

Во пресрет на 75-годишнината од нападот на нацистичка Германија на Советскиот Сојуз, директорот на Фондот за поддршка на меморијалните комплекси во Бранденбург Гинтер Морш (Гинтер Morsch) повика да се преиспитаат дејствијата на нацистите на советска територија. На пример, изјави тој во вторникот, 21 јуни, за агенцијата ЕПД, тогашните настани кои доведоа до милиони жртви до ден-денес остануваат голем проблем во националната меморија на Германија, пренесува „Дојче Веле“.

Според германскиот историчар, на војната со Советскиот Сојуз долго време се гледало во германското општество како на конвенционален вооружен конфликт, без оглед на големиот број жртви. „Сепак, таа се должеше на расистичките и антисемитски цели на кампањата за уништување и заземање на нов простор за живеење - нешто поодвратно е тешко да се замисли“, изјави Морш. Тој исто така истакнува дека војната против Советскиот Сојуз била „гигантско планирано и намерно масовно убиство, чиј размер сѐ уште не е слегнат во свеста на германската јавност“.

Научникот, исто така, се жали дека за денот на 75-годишнината од нацистичката инвазија на Советскиот Сојуз на владино ниво не е планиран ниту еден голем комеморативен настан.  

Во исто време ополномоштената од страна на владата на Германија за културни прашања и медиуми Моника Гритерс заедно со рускиот амбасадор во Германија Владимир Гринин ќе ја отворат во вторник, 21 јуни, во Постдамер плац во Берлин спомен-изложбата на отворено „Војна за истребување: 1941 - 1945 година“.

Нацистичка Германија го нападна Советскиот Сојуз на 22 јуни 1941. Во текот на војната загинаа најмалку 27 милиони советски граѓани. Повеќето од нацистичките жртви беа цивили кои загинаа како резултат на воените дејствија, теророт, масовните егзекуции и гладот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња