МОК го поддржа исклучувањето на руските атлетичари од ОИ-2016

Првиот човек на МОК Томас Бах исто така рече дека целиот олимписки тим на Русија нема да биде исклучен од учество во Игрите

Меѓународниот олимписки комитет на состанокот во Лозана ја поддржа одлуката на Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) за отстранување на рускиот национален тим од учество на Олимписките игри 2016 година во Рио де Жанеиро, пренесува „Лента.ру“.

Одлуката на МОК има својство на препорака. Во меѓувреме Серуската атлетска федерација ја разгледува можноста за поднесување тужба во Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана да ја преиспита одлуката на ИААФ. Право на жалба, исто така, има и секој спортист.

Шефот на МОК Томас Бах исто така рече дека целиот олимписки тим на Русија нема да биде исклучен од учество во Игрите. Покрај тоа, тој смета дека е можно руските атлетичари да учествуваат на Олимпијадата во Рио.

„Секој атлетичар од Русија може да добие дозвола да учествува на Олимписките игри само од меѓународните спортски федерации. Руските спортисти на кои ќе им биде дозволено учество во Игрите ќе учествуваат во нив како членови на руската селекција и на Рускиот олимписки комитет“, рече Бах.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња