Украина повторно ќе купува руски гас ако „Гаспром“ ја намали цената

Украина во моментов разговара со Русија за набавка на гас по пониска цена.

Украина може повторно да купува гас од Русија ако „Гаспром“ се согласи на измена на договорот, нудејќи подобра цена отколку во Европа, изјави шефот на „Нафтогас на Украина“ Андреј Коболев, пренесува РИА „Новости“.

„Ако „Гаспром“ се согласи да внесе привремени промени во постоечкиот договор, кој е непрофитабилен и непазарен, со цел да се намалат цените на ниво кое е некако поблиско до пазарното, ако цената биде пониска од цената што ни ја нудат од европска страна тогаш, од гледна точна на минимизирање на трошоците на потрошувачите, ќе биде во ред да се купува гас од исток“, изјави Коболев во програмата на украински „5 канал“, коментирајќи ја можноста за обнова на набавките на руски гас.

„Ние треба да обезбедиме не само стабилност на снабдувањето со гас, но исто така и да се трудиме да го направиме тоа и по пазарни цени, цени, кои максимално одговараат на пазарот. Ако дојде некоја компанија, и нуди пониска цена, како минимум, таа понуда треба да се земе предвид“, изјави првиот човек на компанијата .

Коболев истакна дека дијалогот за цената на рускиот гас во моментов тече. „Сега се води дијалог по ова прашање, во процес е“, изјави тој.

Претходно, министерот за енергетика и индустријата за јаглен на Украина Игор Насалик изјави дека кога цената на гасот од Русија би се формирала врз основа на економските показатели, тогаш енергенсот за Украина би чинел 130-132 долари за илјада кубни метри.

Од друга страна, премиерот на Украина Владимир Гројсман не ја отфрли можноста за набавка на гас од „Гаспром“ со средства обезбедени од Светската Банка.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња