Украина ќе купува руски гас со кредит од Светска банка

Премиерот на Украина Владимир Гројсман изјави дека Украина може наскоро да добие кредит од 500 милиони долари од Светската банка за купување гас.

Премиерот на Украина Владимир Гројсман не ја отфрла можноста неговата земја да купува гас од руската компанија „Гаспром“ со кредит од Светската банка, соопштува „Ројтерс“.

Според зборовите на Гројсман, украинската влада ќе донесе „политичка одлука“ ако „Гаспром“ даде „правилен“ предлог. Премиерот прецизираше дека Украина може наскоро да добие кредит од 500 милиони долари од Светската банка за купување гас.

Претходно „Комерсант“ соопшти дека „Нафтогас на Украина“ поднесе тужба против Русија во меѓународен арбитражен суд за надомест на штетата за претрпената штета во однос на својата актива на Крим.

Вредноста на таа актива компанијата ја проценува на повеќе од 3 милијарди долари. Процесот може да се покаже посложен од процесот со „Гаспром“ во Арбитражниот суд во Стокхолм, во чии рамки „Нафтогас“ побарува околу 50 милијарди долари.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња