За Израел е од витална важност либанското движење „Хезболах” да не добива оружје, помеѓу другото, ние преку територијата на Сирија. Тел Авив верува дека Москва ќе стори сѐ што е во нејзината моќ да го спречи тоа, изјави амбасадорот на Израел во Русија Цви Хејфец.
„За нас е од витално значење да го исклучиме присуството на Иран и „Хезболах“ на северните граници на Израел. Подеднакво важно е „Хезболах“ да не добива оружје од Иран ниту директно, ниту преку територијата на Сирија”, изјави амбасадорот во интервју за РИА „Новости”.
Дипломатот особено истакна дека „Русија повеќепати соопшти дека не му испорачува оружје на „Хезболах“.
„Колку што ми е познато, тие немаат такви намери ни во иднина. Верува дека Русија ќе стори сѐ што е во нејзина моќ оружјето да не дојде во рацете на „Хезболах“, изјави амбасадорот.
Освен тоа, Хајфец изјави дека Израел не гледа никаква закана од распоредувањето на руските С-400 во Сирија и дека смета дека системите се наоѓаат во „сигурни раце“.
„Што се однесува до системите С-400 во Сирија, ние разбираме зошто е направено рака, за да може Русија да ги заштити своите авиони и своите активности во таа земја. Овие системи не се насочени против нас и убедени сме дека се наоѓаат во сигурни раце и дека така и ќе останат“, изјави амбасадорот.
„Ние во тоа не гледаме закана за нашата безбедност“, истакна Хајфец.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче