Расмусен: Реформи во Украина - продолжување на санкциите против Русија

Ако Киев успешно ги спроведува економските реформи и работи на сузбивање на корупцијата, ќе успее да ги убеди земјите од Западот да ги продолжат санкциите против Русија, изјави поранешниот генерален секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен.

Германскиот весник „Дојче Веле“ потсетува дека Расмусен, сегашен советник на украинскиот претседател „има намера да се расправа со Западот дека Украина веќе спроведува длабоки економски и политички реформи“.

„Од друга страна, поранешниот генерален секретар на НАТО планира да го информира украинското раководство за политичките приоритети на Западот во поглед на Украина“, наведува „Дојче веле“.

Поранешниот генерален секретар на НАТО исто така изјави дека смета дека санкциите се единствениот начин да се изврши притисок врз Русија во контекст на судирите на југоистокот на Украина.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња