Медиум: Русите се многу повеќе во право од Западот

Дански професор смета дека не може да стане збор за руска експанзија ни во случајот со Крим, но во случајот со другите „провокации“ од страна на Русија и тврди дека таквите потези на Русија претставуваат дел од стратегијата со цел да се покаже силата и да се заземе водечкото место на меѓународната сцена.

Она што Русија го зборува за провокациите на Европа и за агресивноста на НАТО, кое ги прекршува претходните договори и се пика во „рускиот двор“ е чиста вистина, смета Уле Вевер, професор по меѓународна политика на Универзитетот во Копенхаген.

„Русите беа повеќе во право од Западот кога се работи за толкување на она што се случувало првите 20 години по завршувањето на „студената војна“ и до 2010 година. Руската интерпретација е значително поблиска до реалноста од западната. Ние спрема неа се однесувавме без почит како спрема земја од трет ред“, вели професорот Вевер за данскиот магазин „Политикен“.

Покрај тоа, јасно е дека Русија го гледа како манифестација на агресија од страна на НАТО фактот дека многу од поранешните републики на СССР се сега членки на Северноатлантската алијанса, и покрај вербалните договорите постигнати по падот на Советскиот Сојуз за тоа дека НАТО ќе се држи настрана токму од овие земји, објаснува Уле Вевер.

Тој смета дека не може да стане збор за руска експанзија, ни во случајот со Крим, ни во  случајот со другите „провокации“ од Русија. Вевер тврди дека таквите потези на Русија се дел од стратегијата за покажување сила и заземање на лидерската позиција на меѓународната сцена.

„Русите открија дека ако се однесуваш како најголем хулиган во одделението, кој ги крши правилата и предизвикува мал хаос, тогаш тоа ти дава одредена моќ. И во таква стратегија тие постигнаа извонреден успех затоа што успеаја да ја вратат Русија на картата на светот. Би било погрешно да се толкува тоа како руска агресија“, изјави рече Уле Вевер. Тој додава дека стравот од руската инвазија на земјите од Источна Европа е претерување.

Данскиот професор го поддржува распоредувањето на силите на НАТО, и конкретно на дански војници во балтичките држави, затоа што смета дека тоа е регион каде што Русија конкретно би можела нешто да уништи. Но, додава дека Данска не треба да испраќа свои војници во Полска, Романија и Бугарија, бидејќи тоа не се проблематични места од гледна точка на безбедноста. Освен тоа, Вевер повика НАТО да се откаже од „глупавите планови поврзани со противракетната одбрана, што не може да се разбере поинаку освен како агресија“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња