Путин: Ќе реагираме на распоредувањето на ПРО во Европа

Москва ќе преземе мерки како одговор на распоредувањето на противракетната одбрана на САД во Романија, изјави претседателот на РФ Владимир Путин.

„Ќе бидеме принудени сега да реагираме на соодветен начин. И ако до вчера имаше делови на Романија кои не знаеја како е да се биде на нишан, денес ќе мораме да преземеме определени дејствија кои ќе ја обезбедуваат нашата безбедност“, изјави Путин по разговорите со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

„Повторувам, тоа се возвратни дејствија, ние не преземаме никакви први чекори“, потенцираше Путин.

Според негов, „истото“ ќе се случи и со Полска. „Ќе чекаме додека во Полска бидат спроведени определени дејствија, нема да правиме ништо додека не видиме ракети на соседна територија“, изјави Путин.

Претседателот на Русија смета дека распоредувањето во Европа на американски лансирни рампи од кои можат да се лансираат ракети со среден дострел го прекршува Договорот за ракети со среден и мал дострел. „Што е тоа? Тоа се лансирни рампи и радарски станици. Денеска таму распоредуваат ракети со дострел од 500 километри, по неколку години тоа ќе бидат ракети со дострел од 1000 километри“, рече претседателот на РФ.

Тој изјави дека Москва веќе ги знае приближните рокови кога тие ракети ќе бидат распоредени, потенцирајќи дека таквата ситуација е закана за руските нуклеарни сили.

„Но, полошо е другото: полошо е тоа што во тие компактни инсталации можат да бидат распоредени ударни системи, ударни ракети токму сега, а тоа е дострел од 2400 километри, и да заменат една ракета со друга не претставува никаков напор. Доволно е само да се промени софтверот и тоа никој нема да го забележи, дури ни Романците“, изјави шефот на руската држава.

Тој исто така потсети дека во минатото САД го правдаа распоредувањето на ПРО-елементите во Европа со нуклеарна закана од Иран, пренесува „Интерфакс“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња