Русија ќе го продолжи ембаргото на прехранбени производи

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека се подготвува продолжување на ембаргото на прехранбени прозиводи од Западот до крајот на 2017 година.

Премиерот на Русија Дмитриј Медведев наложи да се изготват предлози според кои руските мерки на одговор на западните санкции ќе бидат продолжени до крајот на 2017 година. Ова го изјави тој настапувајќи на средбата со членовите на Рускиот сојуз на индустријалци и претприемачи во петокот, 27 мај, пишува „Лента.ру“.

„Ќе биде подготвено обраќање до претседателот и ќе се изготви неопходниот указ на владата“, изјави рускиот премиер.

Медведев додаде дека на тој начин земјоделскиот бизнис во Русија ќе добие „подолг, поширок хоризонт за планирање на инвестициите како што многупати бараат аграрните компании“.

Претходно во петокот беше соопштено дека лидерите на земјите од Г-7  се договориле да ги продолжат економските санкции против Русија кои истекуваат на 31 јули.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња