Картер: Русија не е агресор

Подморничката флота на САД предничи пред конкурентите – Русија и Кина – и ќе ја задржи таа предност во иднина, изјави шефот на Пентагон Ештон Картер.

„Наши, несомнено, конкуренти се земји како Русија и Кина кои, се надевам, никогаш нема да станат агресори“, изјави шефот на Пентагон.

Притоа тој ги опиша Русија и Кина како земји со „релативно високотехнолошки потенцијал" на подморничката флота. Но, „јас сум сосема сигурен во нашата (американската) подморничка супериорност“, истакна министерот за одбрана на САД, пишува „Взгљад“.

„Сигурен сум, исто така, дека ќе ја задржиме (таа супериорност) во иднина. Но, тоа не е наше право од раѓање“, додаде Картер.

Во мај американските медиуми соопштија дека новите руски подморници од проектот „Јасен“ ја оспоруваат доминацијата на американската подморничка флота. Особена загриженост кај војската предизвикува фактот дека „по „Студената војна“ протиподморничкиот потенцијал на САД и нивните сојузници атрофирал“.

Исто така, западните медиуми објавија дека кинеската државна бродоградежна корпорација развила проект за мрежа од бродски и подводни сензори кои можат суштински да ја намалат предноста на САД и Русија на море, а која тие ја имаат благодарение на подморничката флота.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња