„Стрижи“ и „Руските витези“ демонстрираа врвно пилотирање

Руските акробатски групи „Стрижи“ и „Руски витези“ го одбележаа на 21 мај својот 25-годишне јубилеј со прекрасно авиошоу на небото над Подмосковје.

Асовите настапуваа како одделно, така и со заеднички маневри во група од девет ловци Су-27 и МиГ-29. Оваа формација се нарекува нонаедар или „Кубански брилијант“. Пилотите демонстрираа фигури за врвно пилотирање во синхринизирана изведба, почнувајќи од „Буре“ и завршувајќи со „мртва јамка“ (Нестерова јамка).

Програмата на фестивалот исто така беше обележана со првиот во руската историја заеднички настап на ловец Су-27 со четири „Ноќни ловци“ Ми-28Н (пилотска група „Беркути“).

Сложеноста и уникатноста на ова шоу се состои во техничките аспекти. Пилотот на ловецот мора да прави фигури и да го држи својот авион на минимална брзина – 220 км/ч. Тоа овозможи да се реализира заедничката програма со борбените хеликоптери, за кои двесте и нешто километри на час се максималната брзина.

Според зборовите на командантот на Воздушно-космичките сили на РФ генерал-полковник Виктор Бондарев, дури и времето му се придружи на празникот на руските пилоти. „Во моментов, „Руските витези“ се подготвуваат да ги заменат своите Су-27 со нови суперманеварски авиони Су-30СМ“, додаде Бондарев.

Пилотите веќе почнаа со заедничко одработување на фигурите и во најблиска иднина ќе бидат подготвени за настап на меѓународна сцена, истакна тој.

Видеото од одбележувањето на празникот можете да го погледнете овде.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња