Руски авиодиспечери спречиле судир на авиони над Јапонско море

Руската контролори на воздушниот сообраќај, во чија зона на одговорност се случил инцидентот, морале да ги променат висините на летање на два патнички авиони.

Руски контролори на воздушниот сообраќај беа принудени да ги промени висините на летање на два европски авиони над Јапонското Море поради опасно приближување на авион кој не одговарал на сигналите и за кој се смета дека е шпионски, изјави за „Интерфакс“ извор запознаен со ситуацијата.

Тој истакна дека инцидентот се случил над неутралните води на Јапонско море во зоната на одговорност на руските контролори на воздушниот сообраќај.

„Диспечерите регистрирале знак на неидентификувано летало на надморска височина од околу 11 илјади метри. Не успеале да ги распознаат сигналите на транспондерот, на обидите за контакт со воздухопловот не било одговорено. Затоа беше донесена одлука за промена на висината патничкиот Боинг 777 на авиокомпанијата КЛМ кој леташе од Холандија за Јапонија. Како резултат на тоа патничкиот авион успешно се размина со неидентификуваното летало“, рече соговорникот на агенцијата.

Подоцна екипажот на друг авион на долги релации на швајцарската авиокомпанија „Свис“ пријави визуелен контакт во истата област со тежок четиримоторен авион кој се наоѓал во непосредна близина. Авионот не одговорил на барањата на диспечерите и не давал никакви сигнали за идентификација.

„Руските диспечери повторно мораа да ја промената висината на летање на патничкиот авион кој се враќаше од Јапонија до Швајцарија, за да се обезбеди безбедно разидување со непознатото летало“, рече изворот.

Тој претпоставува дека неидентификуваниот авион можел да врши разузнавачки задачи.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња