Русија демантира дека гради воена база во Палмира

Портпаролот на Министерството за одбрана на Русија Игор Конашенков ги демантира информациите за изградба на воена база во историскиот дел на Палмира.

Портпаролот на Министерството за одбрана на Русија Игор Конашенков ги демантира информациите за изградба на воена база во историскиот дел на Палмира, се вели во соопштението за медиумите на Министерството за одбрана на РФ што го пренесува „Лента.ру“.

„Никакви „нови руски бази“ на територијата на сириска Палмира немало и нема. На сателитските снимки на териториите на реоните објавени од УНЕСКО, кои ги наведува агенцијата „Асошиејтед Прес“, се гледа привремениот логор (камп) на единиците на Меѓународниот противмински центар на Вооружените сили на РФ кои претходно се занимаваа со деминирање на историскиот дел на Палмира, а денес на населеното место Тадмор“, се вели во соопштението.

Претставникот на одбранбениот ресор прецизираше дека распоредувањето на времениот логор до завршување на деминирањето е договорено со министерството за култура и други надлежни ресори на Сирија.

Претходно повеќе медиуми, вклучително и американската агенција „Асошиејтед Прес“, соопштија дека Русија претворила дел од сирискиот град Палмира во воена база.

Освен тоа, арапскиот портал „Ал Масдар Њуз“ објави видеозапис на новинар на агенцијата „Франс Прес“ на која се гледа оградена територијата на базата и во неа самооден ракетен систем „Панцир-С1“.  Како што истакнува изданието, аналитичарите сметаат дека новата база во сириската пустина ги демонстрира намерите на Русија да ја прошири зоната за водење борбени операции до градовите Рака, кој „Исламската држава“ го смета за свој главен град, и до Деир-ез-Зор.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња