Русија просечно троши 64,6 илјади долари годишно на еден војник

НАТО троши петпати повеќе на еден војник од Русија.

Ова се резултатите од истражувањето на магазинот „Пари“ (Деньги).

Според информациите на изданието, во армиите на водечките земји во НАТО трошоците за еден војник се петпати повисоки, додека во Африка расходот за еден војник чини десетпати поевтино, околу 1,5-3 илјади долари годишно.

Во однос на цената за одржување на нуклеарните сили, разликата не е толку голема: околу 20 милијарди долари годишно во САД и 10-15 милијарди долари, според разни процени, во Русија, пишува „Комерсант“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња