„Ние треба да ги засилиме координацијата и соработката во Црното море. Се надеваме на конкретни резултати на самитот на НАТО во Варшава на 8–9 јули... Треба Црното море да се направи море на стабилност. Јас му кажав на генералниот секретар на НАТО: ве нема во Црното море, затоа тоа се претвора во речиси руско езеро“, изјави Ердоган, пренесува „Взгљад“.
„Потребно е да го исполниме својот долг како земји кои излегуваат на Црното море. Ако не преземеме мерки, историјата нема да ни прости“, додаде Ердоган.
Тој исто така додаде дека решението на прашањето за членство во НАТО на Босна и Херцеговина и Македонија е важно за безбедноста и стабилноста во регионот.
Претходно заменикот-генерален секретар на НАТО Александар Вершбоу изјави дека Северноатлантската алијанса треба да ја процени можноста за „постабилно воено присуство“ во Црноморскиот регион, а генералниот секретар на Алијансата Јенс Стотенберг истакна дека НАТО ќе продолжи да го зголемува военото присуство во Црното море. Според него, станува збор за „морнарица, како и за средства за разузнавање и можности за префрлање на засилувања“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче