Во Москва се одржа генералната проба за Парадата на Победата

Во парадата ќе учествуваат над 10 илјади војници и над 100 единици воена техника.

На Црвениот плоштад во Москва се одржа генералната проба за Парадата на Победата што ќе се одржи на 9 мај. Во главниот град на Русија беше делумно ограничено движењето на сообраќајот и работата на метрото.

Видеото од пробата за Парадата можете да го погледнете на каналот РТ.

Во Парадата ќе учествуваат над 10 илјади војници и над 100 единици воена техника.

Првпат ќе маршира на Црвениот плоштад комбинирана парадна единица од жени-војници од Воениот универзитет на Министерството за одбрана и од Волскиот воен институт за материјална логистика, пренесува „Взгљад”.

Исто така, првпат годинава ќе учествува и најновиот воен транспортен авион Ил-76МД-90А кој минатата година влезе во составот на Воздушно-космичките сили на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња