Си-Ен-Ен: САД се плашат дека нема да ги забележат новите руски подморници

„Се вративме во времето кога мораме да го земеме предвид постоењето на противникот кој е во состојба да ни конкурира под вода. Гарантирана надмоќ веќе не постои“, изјави капетанот на Воената морнарица на САД Оливер Луис.

Новите руски подморници „Јасен” ја доведуваат во прашање надмоќта на американската подводна флота, соопштува „Си-Ен-Ен“.

„Се вративме во времето кога мораме да го земеме предвид постоењето на противникот кој е во состојба да ни конкурира под вода. Гарантирана надмоќ веќе не постои“, изјави капетанот на Воената морнарица на САД Оливер Луис, пренесува „Взгљад”.

Новите американски подморници од класата „Вирџинија“ се сметаат за „швајцарски нож” меѓу подморниците. Тие можат да извршуваат широк спектар задачи, од собирање разузнавачки податоци до лансирање торпеда врз копнени цели. Но наскоро ќе се соочат со нов предизвик: со руските подморници од класата „Јасен”.

Меѓу сите подморници со кои располагаат противниците на САД, подморниците „Јасен” се најнечујни, истакна експертот од Центарот „Вилсон” во Вашингтон Мајкл Кофман. „Американската воена морнарица не е сосем сигурна дека ќе може да ги регистрира“, изјави тој.

Американски воени претставници соопштија дека руските подморници ја интензивирале својата активност. Според нивните зборови, тоа е особено забележително во „триаголникот“ Гренланд – Исланд – Велика Британија, а тоа е клучниот морски коридор за зајакнувањето на силите на САД во Европа. Според зборовите на командантот на американската подморница „Мисури“ Фрејзер Хадсон, Русија сака не толку да демонстрира некаков „политички став”, колку да стекне „практично искуство”.

Пентагон е принуден интензивно да работи на тоа да го задржи лидерството под вода. Особена загриженост кај Американците предизвикува фактот дека „по студената војна противподморничкиот потенцијал на САД и сојузниците атрофираше”.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња