МО прикажа видео-снимка од летовите на ВКС во Сирија

Министерството за одбрана на Русија на својот официјален канал на „Јутјуб“ објави видео-снимка од летовите на воздухопловната група на ВКС во Сирија.

Бомбардер Су-25, транспортно-борбен хеликоптер Ми-8, повеќенаменски ловец од генерацијата 4++ Су-35С, фронтовски бомбардер Су-24М и ловец-бомбардер Су-34, станаа, како што пренесуваат медиумите, вистински „херои“ на наведеното видео.

Како што се наведува во текстот, на видео-снимката се прикажани летови на авијацијата која е стационирана на аеродромот „Хмејмим“, а снимени се со помош на акциски камери и беспилотни летала.

Министерството за одбрана нагласува дека токму со дејствијата на Воздушно-космичките сили на РФ, со кои е уништена инфраструктурата на терористичките групи во Сирија, е поставен камен-темелникот за идното ослободување на сириските градови и е започнат процесот за национално помирување на завојуваните страни.

Авиогрупата на ВКС имаше задача да се бори против терористичките групи на територијата на Сирија, а нејзината база се наоѓаше на аеродромот Хмејмим во сириската провинција Латакија сѐ до крајот на март оваа година. Во моментов поголемиот број од леталата е вратен во Русија, а со авионите и хеликоптерите кои се задржани во Сирија е продолжено ракетирањето на позициите на терористичките организации, пишува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња