Кремљ со коментар на изјавите на новиот командант на НАТО

Москва традиционално ќе ги штити своите интереси, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, коментирајќи ја изјавата на новиот командант на НАТО Кертис Скапароти кој истакна дека Алијансата сега се судира со „заживеаната Русија, која се стреми да се покаже како светска сила“.

Русија за никого не претставува закана, меѓутоа нема да ги остави без должно внимание дејствијата што се потенцијално опасни за нејзините интереси. Москва традиционално ќе ги штити, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, коментирајќи ја изјавата на новиот командант на НАТО Кертис Скапароти кој истакна дека Алијансата сега се судира со „заживеаната Русија, која се стреми да се покаже како светска сила“.

„Ние веќе многупати кажавме дека, всушност, заживеаната Русија за никого не претставува закана. Русија континуирано се залага за меѓусебно корисна соработка со имање предвид на интересите на сите партнери. Русија се залага за заедничко регулирање на конфликтните ситуации. Но истовремено Русија, несомнено, не може да остави без внимание секакви дејствија кои или директно, или потенцијално можат да претставуваат закана за нејзините национални интереси“, одговори Песков на прашањето дали Кремљ ќе реагира на изјавата на новиот командант на НАТО.

Тој додаде дека руската страна традиционално ќе ги штити своите интереси, пренесува РТ на руски.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња