САД признаа дека руските пилоти немаат намера да провоцираат инциденти

Руските воени пилоти не провоцираат инциденти, туку само им „испраќаат сигнал“ за своето присуство на американските војници, смета началникот на штабот на Воената морнарица на САД адмирал Џон Ричардсон.

„Не мислам дека Русите се обидуваат да испровоцираат инцидент. Мислам дека се обидуваат да испратат сигнал. Мислам дека е потполно јасно следново: тие сакаат да ни дадат до знаење дека нѐ гледаат таму, во Балтичкото море“, изјави Ричардсон, кого го цитира агенцијата „Асошиејтед Прес“.

Притоа тој изрази надеж за „прекинување на таквите дејствија“. Според неговите зборови, како резултат на маневрите на руските авиони може да настане „тактичко недоразбирање“ кое може да предизвика инцидент.

Притоа, според неговите зборови, САД се стремат кон мирни односи меѓу војските. „Сакаме определена нормализација“, рече адмиралот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња