Пушков: Латвиските „сметководители“ да го објаснат иселувањето

Латвија беше дел од СССР од 1940 до 1991 година и смета дека во текот на тој период била окупирана.

Шефот на Комитетот на Државната дума за меѓународни работи Алексеј Пушков на својата страница на Твитер ѝ предложи на Латвија да го објасни одливот на населението од земјата по зачленувањето во ЕУ, а не да ја пресметува штетата од „советската окупација“.

„Латвиските „сметководители“ не треба да ја пресметуваат штетата од советско време, ами да објаснат зошто 200 илјади – 10 проценти“ од Латвијците ја напуштија земјата во времето на ЕУ“, истакнува тој, пренесува „Лента.ру“.

Кон крајот на април Пушков ѝ предлагаше на Латвија да ги процени трошоците за ослободување на земјата од хитлеровската окупација.

На 21 април латвиска комисија процени дека штетата што ја доживеала од Русија во текот на „советската окупација“ изнесува 300 милијарди евра.

Латвија беше дел од СССР од 1940 до 1991 година и смета дека во текот на тој период била окупирана. Русија не ја признава оваа позицијата, тврдејќи дека сите тие години (со исклучок на периодот на окупација од страна на Германија) Латвија имала национална влада.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња