Лавров: Русија и САД се договорија за прекин на огнот во Алепо

Во Женева треба да проработи следниве денови заеднички руско-американски центар за мониторинг на режимот на прекин на огнот во Сирија.

РФ и САД се договорија да воведат режим на прекин на огнот во Алепо. Ова го изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во текот на прес-конференцијата по завршувањето на средбата со специјалниот пратеник на ООН за Сирија Стафан де Мистура.

„Сега се финализира договорот меѓу руските и американските војски за прогласување на прекин на огнот во градот Алепо. Се надевам дека во најскоро време, дури во следниве неколку часа таквата одлука ќе биде објавена“, изјави тој.

Лавров исто така соопшти дека заедничкиот руско-американски центар за мониторинг на режимот на прекин на огнот во Сирија треба да проработи во Женева следниве денови.

„Војските на двете страни се наоѓаат буквално во режим на секојдневни контакти и оваа соработка, која сега се реализира преку видеоконференции, добива директен карактер со формирањето следниве денови во Женева на заеднички руско-американски центар за оперативно реагирање на прекршувањето на режимот на прекин на огнот“, изјави рускиот министер, пренесува РТ на руски.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња