Во велигденските богослужби во Москва учествуваа 660 илјади луѓе

Во ноќта меѓу саботата и неделата во 433 православни цркви, храмови и манастири во рускиот главен град беа одржани празничните богослужби, осветувањето на велигденскиот колач и литиите по повод Велигден.

Околу 660 луѓе учествуваа во велигденските богослужби во православните храмови во Москва ноќта меѓу саботата и неделата, соопшти за „Интерфакс” прес-службата на МВР во Москва.

„Ноќта меѓу саботата и неделата во 433 православни цркви, храмови и манастири во рускиот главен град беа одржани празничните богослужби, осветувањето на велигденскиот колач и литиите по повод Велигден. Според прелиминарните податоци, в велигденските прослави учествувале околу 660 илјади луѓе“, изјави претставник на прес-службата.

Тој истакна дека во саботата околу 60 илјади луѓе ги посетили 78 гробишта во градот и 6 гробишта во Московската област.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња