Пентагон предупредува за можна ескалација на затегнатоста поради Су-27

Пентагон изјави дека пресретнувањето на американски извидувачки авион од страна на руски ловец Су-27 над Балтичкото море може да доведе до ескалација на тензиите меѓу РФ и США.

Пентагон изјави дека пресретнувањето на американски извидувачки авион од страна на руски ловец Су-27 над Балтичкото море може да доведе до ескалација на тензиите меѓу РФ и США, изјави за РИА „Новости“ портпаролот на Министерството за одбрана на САД Мишел Балданза.

„Ова небезбедно и непрофесионално воздушно пресретнување може да им нанесе штета и повреди на сите вклучени екипажи. Згора на тоа, небезбедните и непрофесионални дејствија на еден пилот потенцијално можат да доведат до непотребна ескалација на напрегнатоста меѓу земјите“, изјави Балданза.

Според нејзините информации, американски авион RC-135 извршувал „обичен лет во меѓународниот воздушен простор“, кога бил пресретнат од руски Су-27 на „небезбеден и непрофесионален начин“. Притоа Балданза потсети дека ова се случило неколку недели по случајот со разурнувачот на САД „Доналд Кук“.

Во целина, минатата година, според портпаролот на Пентагон, имало неколку инциденти кога руски воени авиони се доближувале до авиони и бродови, што предизвикувало сериозна загриженост за безбедноста. „Ние сме многу загрижени поради таквото однесување“, изјави Балданза.

Истовремено таа не прецизираше какво приближување САД имено го сметаат за „небезбеден и непрофесионален“ начин на летање.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња