МО РФ: Американскиот авион се „прикрадуваше“ до руската граница

Како што истакнува Министерството за одбрана на РФ, американски извиднички авион RC-135U летал во близина на руската граница над Балтичкото море со исклучен транспондер, затоа бил испратен руски ловец за да го идентификува

Министерството за одбрана на Русија одговори на изјавите на Пентагон за наводно „опасното“ и „непрофесионално“ пресретнување на американски извидувачи авион над Балтичкото море од страна на руски ловец, пренесува „Интерфакс“.

„Сите летови на руските авиони се реализираат во согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор“, изјави во саботата портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков.

„Истовремено сакаме да укажеме дека извидувачкиот авион RC-135U секој пат се обидува да се прикраде до руската граница со исклучен транспондер. Затоа дежурните сили за ПВО мораат да кренат во воздух наш ловец за визуелно да го идентификува типот на авионот и неговиот број на трапот“.

Конашенков потенцираше: „Во наведениот проблем на американското Воено воздухопловство има две решенија: или да не летаат во близина на нашите граници, или да го вклучуваат транспондерот за автоматска идентификација од страна на нашите радарски средства за објективна контрола“.

Како што истакна портпаролот на министерството, „ние почнуваме веќе да се навикнуваме на навредите од претставниците на Пентагон во врска со наводно „непрофесионалните“ маневри на нашите ловци при пресретнувањето на американски извидувачки авиони во близина на руските граници“.

„Впрочем, друг извидувачки авион Boeing OC-135B во рамките на меѓународниот договор за „Отворено него“ денеска слета во Улан-Уде. И никој не крена ловци за негова идентификација“.

Американската телевизија „Си-Ен-Ен“ повикувајќи се на претставник на Министерството за одбрана на САД на 29 април соопшти дека руски ловец Су-27 во петокот направил маневар „буре“ над извидувачки авион на ВВС САД  США RC-135, кој вршел извидувачки лет во меѓународниот воздушен простор над Балтичкото море. Според неговите информации, рускиот авион го направил тој маневар на растојание од околу 30 метри од американскиот авион.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња